вторник, 31 март 2026

Британски воен експерт: Русија ја менува воената стратегија

Објавено на

часот

Сподели

„При напредувањето на воените сили, се трошат многу гориво, муниција и залихи. Додека единиците имаат доволно залихи, можат да продолжат да напредуваат. Меѓутоа, во одреден момент доаѓа до потреба од нови залихи“, кажа Ватлинг за Би-би-си.

„Потоа сте во фаза на чекање, а при секоја нова пратка добивате само ограничено количество залихи со кое можете да остварите ограничен напредок“, додаде тој.

„На тој начин доаѓа до успорување на темпото на воените операции. Значи, Русија сега преминува од воена стратегија со повеќе истовремени подрачја на напредување на она кога се освојува област по област, бидејќи се присилени да концентрираат поголемо количество залихи на едно место“, смета воениот експерт.

„Ги осигуруваат позициите околу Киев и Харков, но сега главната стратегиска цел им е Мариопол. Ако падне Мариопол, тогаш ќе може да го преместат поголемиот дел од своите сили во друга област. Така што мислам дека сега следува воена стратегија на постепено освојување“, додаде тој.

Ватлинг наведе дека Русите поединечно ќе ги изолираат своите цели, ќе ги изгладнуваат неколку дена, а потоа ќе преминат на следниот, што значи дека следува поспора фаза на војувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ