Шапс за Скај њуз изјави дека сите членки на НАТО „соработуваат заедно“ на ситуацијата во Украина, додавајќи дека западниот воен сојуз е „одбранбена организација што значи дека нема директно да се вклучува во војната“.
Министерот рече дека најавениот заем на борбени авиони најверојатно нема да се оствари, но дека Обединетото Кралство продолжува да „обезбедува огромна поддршка“ на Украина.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас вчера изјави дека ќе ја поддржи одлуката на Полска за испорака на борбени авиони МиГ-29 на Украина, но дека тоа може да ги доведе Полјаците на директна линија на оган од Русија. Се очекува Валас денеска да ги информира пратениците за поддршката што Обединетото Кралство ја нуди за украинските сили.
Шапс потврди и дека се одобрени околу 760 визи за украинските бегалци, што им овозможува да дојдат во Обединетото Кралство и дека се обработуваат уште 22.000 барања.






