недела, 15 март 2026

Британија: Ветер фрла авиони, војската во готовност (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во предупредувањето се наведува дека постои опасност по живот и дека се очекуваат значителни нарушувања поради една од најлошите бури која ќе ја погоди Британија во последните неколку децении.

„Бурата Јунис ќе предизвика значителни нарушувања и опасни услови поради исклучително силните ветришта“, соопшти метеоролошката агенција. Повеќе стотици училишта беа вчера затворени, сите возови во Велс беа сопрени, а војската е во готовност.

Колку се силни ударите на ветерот се гледа по авионите кои слетуваа на лондонскиот аеродром Хитроу, а кои ветерот ги носи од една на друга страна.

Метеоролозите објавија дека Јунис донела ветришта со сила од 90 милји на час, што може да предизвика прекини во снабдувањето со струја.

Бурата Јунис е втората која ја погоди Британија во последната недела, откако бурата Дадли зафати делови од Шкотска, северна Англија и Северна Ирска, оставајќи илјадници домови без струја.

Црвените предупредувања за времето се ретки и значат дека покривите може да бидат откорнати, далноводите урнати и дрвја извлечени од корен, како и дека летечките остатоци можат да бидат опасни по живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ