среда, 17 декември 2025

Британија сака измени на Северноирскиот протокол, ЕУ и Ирска пратија предупредување

Објавено на

часот

Сподели

„Објавувам дека во следните недели имаме намера да го претставиме предлог-законот за измени на протоколот“, рече таа во британскиот парламент.

Трус нагласи дека британската влада повеќе би сакала да постигне договорно решение со ЕУ и додаде дека ќе продолжи да разговара со европскиот преговарач Марош Шефчович, кого го повика колку што е можно побргу да го посети Лондон.

Трус кажа дека законодавното решение не значи отфрлање на Северноирскиот протокол и дека тоа е во согласност со британските обврски според меѓународното право.

Законот, рече таа, ќе обезбеди режим според кој стоката наменета за Северна Ирска што потоа останува таму ќе биде ослободена од непотребните административни оптоварувања.

„Предлог-законот ќе ги отстрани регулаторните бариери за стоката произведена според британските стандарди што се продава во Северна Ирска. Претпријатијата ќе можат да избираат меѓу исполнувањето на британските или на ЕУ-стандардите според новиот двоен регулаторен режим“, рече таа.

„И понатаму ќе обезбедуваат да не постои физичка граница на ирскиот остров“.

ЕУ и Ирска: Протоколот е обврзувачка меѓународна спогодба

Европската Унија објави дека „ќе одговори со сите средства што ѝ се на располагање“ ако Велика Британија еднострано реши да го измени Северноирскиот протокол, кажа во соопштението потпретседателот на Комисијата Шефчович.

Протоколот за Северна Ирска е „меѓународен протокол што го потпишаа ЕУ и Велика Британија. Едностраните акции што се во спротивност со меѓународната спогодба не се прифатливи“, додаде тој.

Шефот на ирската дипломатија Сајмон Ковени изрази длабоко жалење поради одлуката на Лондон.

„Длабоко жалам поради одлуката на британската влада“, рече тој. „Таквите еднострани акции спрема обврзувачката меѓународна спогодба ѝ штетат на довербата и само ќе го отежнат пронаоѓањето решенија за реалните стравови“ на жителите на провинцијата во однос на спроведувањето на протоколот, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ