понеделник, 30 март 2026

Британија: Путин од гнев и фрустрација поради неефикасниот напад „цели цивили и цивилна инфраструктура“

Објавено на

часот

Сподели

„Требаше да биде многу лесно, требаше да биде еден вид молскавичен напад во кој руските трупи би ја преплавиле Украина“, кажа Клеверли за Би-би-си.

„Наместо тоа, гледаме жестока одбрана на Украинците, што е неверојатно фрустрирачко за Путин“, оцени Клеверли.

„За жал, како нуспроизвод на гневот на Путин и фрустрацијата поради неефикасниот напад, гледаме ескалација на целењето цивили и цивилна инфраструктура“, додаде британскиот министер.

На прашањето дали војната би можела да заврши до мај, како што сугерираат одредени украински функционери, Клеверли кажа дека е „неверојатно тешко“ да се даваат такви предвидувања, но дека Британија мора да се потруди Путин да не успее во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ