среда, 1 април 2026

Британија обвини свој чувар на амбасадата во Берлин за шпионирање за Русија

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека против 57-годишниот Дејвид Балантајн Смит се поднесени девет обвинувања според законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.

Во соопштението е наведено дека кривичните дела се извршени меѓу октомври 2020 и август 2021, кога германската полиција го уапсила Смит во неговата куќа во Потсдам, југозападно од Берлин.

Ник Прајс, шеф на одделот за специјални злосторства и борба против тероризмот во британското Обвинителство, кажа дека Смит е обвинет за „седум кривични дела собирање информации со намера да им ги испрати на руските власти, едно дело за обид за комуникација и едно за давање информации на лице за кое верувал дека е припадник на руските власти“.

За време на Студената војна Берлин беше познат како „престолнина на шпионите“ бидејќи беше на првата линија на конфликтот на СССР на истокот и САД и нивните западни сателити на западот на тој град.

Шпионските активности наводно се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 и крајот на Студената војна, но ситуацијата во Украина повторно ги влоши односите на Москва и Вашингтон и го врати шпионирањето во фокусот на вниманието.

Германија во понеделникот протера 40 руски дипломати кои ги обвини дека се шпиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ