недела, 15 март 2026

Британија ги укинува „златните визи“ за странските инвеститори

Објавено на

часот

Сподели

Еден неименуван владин извор ги потврди извештаите дека следната недела ќе дојде до укинување на визите за инвеститорите од прв ред, кои им овозможуваат престој во Британија на оние кои ќе инвестираат најмалку два милиони фунти, пренесува Би-би-си.

Оваа шема е воведена во 2008 година за да се охрабрат богатите луѓе надвор од Европската Унија да инвестираат во Обединетото Кралство.

Меѓутоа, оваа шема веќе некое време се разгледува поради загриженоста за можни злоупотреби.

Очекуваното укинување на „златните визи“ доаѓа среде притисокот врз британските министри да ги прекинат врските на Британија со Русија поради можната руска инвазија врз Украина.

Сопствениците на „златните визи“ можат да поднесат барање за постојан престој во Британија, а британското министерство за внатрешни работи издало 14.516 инвеститорски визи на руски граѓани од почетокот на оваа шема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ