Поради безбедносни причини општинскиот суд во јужниот регион Телемарк рочиштето за Брејвиковото барање ќе го одржи во затворот Скиен, каде што Брејвик ја служи казната.
Брејвик, кој уби 77 луѓе, е осуден на 21 година затвор во 2012, при што постои можност за бесконечно продолжување на казната сè додека Брејвик претставува закана за општеството. Во тоа време тоа беше максималната можна казна во Норвешка, иако законот во меѓувреме се смени за да се овозможи изрекување подолги затворски казни.
Екстремистот мораше да одлежи најмалку 10 години во затвор пред поднесувањето на барање за условно пуштање на слобода.
Денес 42-годишниот Брејвик уби осум луѓе во Осло со детонација на камион полн со експлозив пред владини канцеларии на 22 јули 2011. Потоа застрела 69 луѓе, главно тинејџери, во летниот камп за млади на Лабуристичката партија на островот Утоја. Станува збор за најсмртоносниот напад во Норвешка по Втората светска војна.
„Како и во секоја друга држава со владеење на право, осуденикот има право да поднесе барање за условно пуштање на слобода. Брејвик одлучи да го искористи тоа право“, кажа за Франс прес неговиот адвокат.
На судот и во разна комуникација, Брејвик во минатото тврдеше дека се дистанцирал од насилството. Меѓутоа Торе Бјорко, шеф на Центарот за истражување на екстремизмот на универзитетот Осло, вели дека Брејвик „не станал помал екстремист во идеолошка смисла“.
„Сега тој се претставува како националсоцијалист. Иако вели дека, што се однесува до него, оружената борба е минато, тој на ниеден начин не се дистанцираше од масовното убиство кое го изврши и кое го смета за целосно легитимно“, кажа тој.
Во тужбата против норвешката држава која во 2016 година ја поднесе поради изолацијата во затворот Брејвик се спореди со Нелсон Мандела, истакнувајќи дека преминал од оружена во политичка борба.
Сепак, екстремистот кој повеќето свои жртви ги уби со истрел во глава не изрази веродостојно каење. Сослушувањата на судот ги користеше за ширење пропаганда која ја исцрта во својот манифест објавен пред смртоносните напади. На судот салутира со нацистички поздрав и ја користи приликата за идеолошки монолози.
Norwegian killer Anders Behring Breivik begins parole hearing with Nazi salute: Mass murderer Anders Behring Breivik gave a Nazi salute as he entered court for a parole hearing that will decide if he should be released after spending more than a decade behind bars. pic.twitter.com/zdwowy6YGf
— World News 24 (@DailyWorld24) January 18, 2022
За семејствата на неговите жртви секое ново рочиште на судот и неговите провокации се искушение. Пред најновото тридневно сослушување кое се емитува во живо, група поддржувачи на семејствата на жртвите сака „што помалку фокусот да биде на терористот и неговата порака“.
„Секое спомнување на овој случај генерално, а особено на терористот, е голем товар за преживеаните, родителите и оние кои се погодени од терористичките напади во Норвешка“, порачаа.
Ретко кој во Норвешка го доведува во прашање правото на Брејвик да бара условно пуштање по 10 години, пред сè поради тоа што се случува да биде одбиен. Поголема загриженост предизвикува тоа што ќе добие внимание на сослушувањето.
И покрај исклучителната природа на неговите злосторства, Норвешка тежнее кон Брејвик да постапува како кон секој друг затвореник. По тужбата на Брејвик норвешката држава во 2016 беше прогласена за виновна за „нехуман и деградирачки“ третман на Брејвик поради неговата изолација од другите затвореници. Пресудата беше поништена по жалбата.






