среда, 25 февруари 2026

Бран на насилство во Мексико: Жителите на Гвадалахара сметаат дека градот не треба да биде домаќин на натпревари од Светското првенство во фудбал

Жителите на Гвадалахара, Мексико, сметаат дека градот не треба да биде домаќин на натпревари од Светското првенство (СП) во фудбал, по бранот насилство што избувна по убиството на најмоќниот шеф на картели во земјата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Уго Алехандро Перез бил во својот дом на неколку километри од стадионот кој треба да биде домаќин на Светското првенство кога пред неговата врата се слушнале пукање и експлозии.

Овој 53-годишен сопственик на ресторанот и претходно бил скептичен во врска со тоа неговиот град, Гвадалахара, да биде домаќин на меѓународно спортско натпреварување.

Тој веќе видел влада која не успеала да ги поправи основните работи, како што е водоснабдувањето, заедно со насилството на картелите во државата Халиско. Бранот насилство оваа недела откако мексиканската војска го уби најмоќниот шеф на картели во земјата само ги потврди неговите сомневања.

„Не мислам дека треба да го организираме Светското првенство тука. Имаме толку многу проблеми, а тие сакаат да инвестираат во Светското првенство? Со ова насилство, тоа не е добра идеја“, изјави Перез за Асошиејтед прес.

Перез не е единствениот кој ја доведуваа во прашање способноста на Гвадалахара да биде домаќин на Светското првенство, и покрај тврдењата на мексиканската влада дека натпреварувањето нема да биде засегнато.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум вчера изјави дека „нема ризик“ за навивачите што доаѓаат на Светското првенство. Гувернерот на Халиско, Хесус Пабло Лемус, изјави дека разговарал со локалните претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и дека тие немаат намера да менуваат ништо во распоредот на натпреварите.

Истиот ден, Португалската фудбалска федерација соопшти дека „внимателно ја следи деликатната ситуација“ во Мексико. Португалија треба да игра против мексиканската репрезентација во пријателски натпревар на 28 март на реновираниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Стадионот треба да биде домаќин на првиот натпревар од Светското првенство на 11 јуни.

Државата Халиско, со главен град Гвадалахара, е седиште на картелот „Нова генерација Халиско“, чиј водач, Немесио Осгуера Сервантес, познат како Ел Менчо, беше убиен во вооружена престрелка со војската која се обиде да го приведе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ