недела, 29 март 2026

Босанските лидери не можат да се договорат дали се на страна на Украина или на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ соопшти дека БиХ ќе продолжи да ѝ пружа помош на Украина, а бошњачкиот член на тричленото тело Шефик Џаферовиќ ја осуди утринската специјална воена акција на Русија во Украина.

Комшиќ соопшти дека утринава разговарал со претставникот на украинската амбасада во Сараево, кој го информирал дека „почнал нападот на Русија на Украина“.

„Државата Босна и Херцеговина се придружува на изјавите на земјите членки на Европската Унија за ситуацијата во Украина. Во согласност со своите можности ќе продолжиме да ѝ пружаме помош на Украина“, наведе Комшиќ.

Бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ најостро ја осуди, како што наведе, „инвазијата на Руската Федерација на Украина“.

„Најостро ја осудувам од ништо предизвиканата инвазија на Руската Федерација на Украина, придружувајќи се на реакциите на цивилизираниот свет на овој мрачен и вознемирувачки ден. Со мислите сум со луѓето во градовите низ Украина кои се под брутални напади на руските воени сили“, наведе Џаферовиќ.

Меѓутоа, третиот член на тоа тело кое одлуките ги носи со консензус, Милорад Додик, изјави вчера дека Босна и Херцеговина треба да биде неутрална кога станува збор за украинската криза.

Тој кажа дека Република Српска нема да донесе ниедна мерка која би можела да ги наруши односите на Русија и РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ