четврток, 25 декември 2025

Борците на Азов во челичарницата: Нашето предавање би било подарок за непријателот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Преку Јутјуб се обратија заменик командантот на ултрадесничарската воена група Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко.

Паламар кажа дека руските сили продолжиле со нападите на челичарницата и дека се обидуваат да ја освојат. Додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од Азовстал.

Самоленко кажа: „Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето за над е неприфатливо. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен за мене значи да се биде мртов“.

„Се бориме против агресор, непријател кој носи терор во Украина, против нивниот варваризам“, додаде поручникот на Азов.

Заменик командантот на ултрадесничарскиот баталјон Свјатослав Паламар кажа дека украинските војници во Азовстал ќе се борат додека се живи.

„Ќе продолжиме да се бориме сè додека сме живи за да им се спротивставиме на руските окупатори“, кажа Паламар и повика на итна евакуација на ранетите соборци. „Немаме многу време. Русите интензивно нè гранатираат“.

[video:https://youtu.be/GmRWPOoESGQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ