недела, 7 декември 2025

Бомба експлодираше под автомобил на истакнат новинар во Италија (ВИДЕО)

Бомба што експлодираше синоќа го уништи автомобилот на истакнатиот италијански новинар Зигфрид Ранучи, а во експлозијата нема жртви, објавено е на веб-страницата на истражувачката емисија Репорт, која тој ја води на третиот канал на јавната телевизија РАИ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Автомобилот на неговата ќерка и фасадата на зградата биле оштетени во експлозијата што се случи на околу 20 километри јужно од Рим, соопшти истиот извор.

„Силата на експлозијата беше толку голема што можеше да убие некого доколку поминуваше во тој момент“, се вели на порталот, додавајќи дека е отворена истрага.

Веста за експлозијата беше осудена од бројни политички функционери од сите страни на политичкиот спектар.

Конзервативната премиерка Џорџа Мелони изрази „целосна солидарност“ со новинарот и „цврсто го осуди овој сериозен чин на заплашување“.

„Слободата и независноста на информациите се вредности на нашата демократија од кои не можеме да се откажеме и кои ќе продолжиме да ги браниме“, додаде таа.

На веб-страницата на Репорт се вели дека таа направила историја во истражувачкото новинарство на телевизија.

„Зигфрид Ранучи и тимот на Репорт повторно предводат во истрагите и продлабоченото известување во политиката, економијата и општеството“, се вели на веб-страницата.

На рангирањето на Репортери без граници за слободата на печатот за 2025 година, Италија е на не толку славното 49-то место, пишува агенцијата Франс Прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ