Маријана Вишегирскаја, бремената жена од бомбардираната болница во Мариупол што руската амбасада во Британија ја обвини дека е „најмена актерка“, сега тврди дека немало воздушен напад врз болницата, но верува дека таа била „погодена од гранати“.
Фотографиите на преплашената млада девојка станаа вирални и предизвикаа меѓународен бунт против Русија, а Москва ја нарече „најмена актерка“.
Таа сега се појави во руските медиуми, наводно како една од цивилите евакуирани во Русија или во регионот Доњецк, контролиран од сепаратистите. Украинската влада ја осуди евакуацијата на украинските цивили на руска територија.
„Бомбардирањето се случи на 9 март, во болницата број 3 во Мариупол“, изјави таа тогаш за Гардијан. „Лежевме во одделенијата кога почнаа насекаде да летаат стакло, парчиња, прозорци и ѕидови“.
Very concerning news. Marianna, the pregnant girl from #Mariupol, turns out to be one of the refugees that has been taken to #Russia in violation of the evacuation agreement.
There they put her in front of a camera and have her say there was no aerial attack on the hospital. pic.twitter.com/SLJMAGeFTy
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) April 2, 2022
Сега во видеото што се појави во државните руски медиуми таа тврди дека немало воздушен напад врз болницата, но верува дека наместо тоа била погодена од гранати. Вишегирскаја го критикува и фотографот на АП што ја фотографирал. Вели дека во породилното одделение на болницата се случила експлозија, без никакви наводи за каква експлозија се работи.
Западните експерти велат дека Русија користела слични пропагандни техники во минатото, а дека интервјуто е искористено за да се вклопи во рускиот наратив.






