Пресудата за семејството на Шике Гарг е првата во серијата тужби поднесени по таа несреќа и уште една во Индонезија во 2018 година, во кои загинаа вкупно 346 лица.
Според спогодбата постигната меѓу страните синоќа, семејството на Гарг ќе добие 35,85 милиони долари – целиот износ на пресудата плус 26 проценти камата – и Боинг нема да поднесе жалба, според адвокатите на семејството.
Шанин Спектер и Елизабет Крофорд, кои го застапуваа семејството, во изјава порачаа дека пресудата „обезбедува јавна одговорност за незаконското однесување на Боинг“.
Гарг имала 32 години кога летот 302 на Етиопијан ерлајнс од Адис Абеба, Етиопија, до Најроби, Кенија, се урна само неколку минути по полетувањето, рекоа нејзините адвокати.
Во тужбата се тврди дека авионот Боинг 737 Макс бил неисправно дизајниран и дека Боинг не ги предупредил патниците и јавноста за неговите опасности.
Летот на Етиопијан ерлајнс се урна пет месеци откако летот 610 на Лајонер се урна во Јаванското Море во Индонезија. Неисправен систем за автоматизирана контрола на летот придонел за двете несреќи.






