четврток, 25 декември 2025

Блумберг: Унгарија го блокирала предлогот за забрана на увоз на руска нафта во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Изворите на Блумберг кажале дека состанокот на амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ завршил вчера без договор, а се очекува разговорите да продолжат во следните денови.

Забраната на извоз на руска нафта во трети земји исто така би можела да биде одложена додека членките на Г7 не се обврзат поединечно на таков чекор.

ЕУ предлага забрана на сировата нафта во следните шест месеци и на рафинираните горива во почетокот на јануари следната година. Брисел на Унгарија и на Словачка им понуди изземање до крајот на 2024 година, а на Чешка до јуни истата година, бидејќи сите три земји во голема мера зависат од руската сирова нафта.

Меѓутоа, Блумберг пишува дека ни тоа изземање на ја убедило Будимпешта да го поддржи ембаргото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ