„Во живо: Русија ја нападна Украина“ се појави вчера на насловната страница на финансискиот сајт.
Олга Лаутман, аналитичарка и истражувачка фокусирана на Русија и Украина, постираше скриншотови од грешката на социјалните мрежи.
Таа рече дека насловот бил отстранет по нешто повеќе од 30 минути.
Блумберг објави извинување два часа по објавувањето на веста.
„Подготвуваме наслови за разни сценарија и насловот ‘Русија ја нападна Украина’ случајно беше објавен околу 16 часот по локално време (околу 22 часот по средноевропско време) на нашата веб-страница. Длабоко жалиме за грешката“, објави агенцијата Блумберг. „Насловот е отстранет и го испитуваме случајот.“
Пред само неколку дена Москва ги нападна американските медиуми за ширење „лажни и провокативни информации“ за ситуацијата во Украина.






