среда, 31 декември 2025

Блумберг: Група европски компании веќе отвориле сметки во Газпромбанк

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот произведувач на гас Газпром ги прекина денес испораките на гас на Полска и Бугарија затоа што не го прифатија механизмот за плаќање кој Москва го воспостави откако западните земји ги замрзнаа нејзините девизни резерви, вклучувајќи ги исплатите за продадениот гас.

Така купувачите на гас од Европската Унија на посебна сметка во Газпромбанк мора да го уплаќаат износот во договорената валута, главно евра и долари, а банката потоа ја продава на берзанска аукција и рублите ги уплаќа на сметката на Газпром.

Германската енергетска компанија Унипер објави денес дека очекува нормална испорака на рускиот гас бидејќи го плаќа според рускиот механизам. Изменетата постапка на плаќање не ги нарушува санкциите на ЕУ против Русија, истакнаа од компанијата, потсетувајќи на мислењето на Европската комисија.

Брисел минатата недела ги извести компаниите дека санкциите против Русија не им забрануваат отворање сметки во Газпромбанк, предупредувајќи ги дека од Русија треба да бараат потврда дека со уплатата на парите во банката ги исполниле своите договорни обврски.

Блумберг јави денес, повикувајќи се на извори во Газпром, дека 10 европски компании веќе отвориле сметки, а четири и уплатиле пари за испорачаниот гас.

Дури и ако други купувачи, по Полска и Бугарија, ги одбијат условите на Кремљ, испораките веројатно нема да им бидат сопрени пред втората половина на мај, кога за наплата стигнуваат следните сметки, кажал за Блумберг анонимниот извор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ