недела, 1 февруари 2026

Блокиран најважниот копнен премин во Северна Америка, има сѐ повеќе демонстранти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите кои се противат на владините пандемични ограничувања го окупираат мостот Амбасадор веќе шести ден по ред, блокирајќи ја меѓународната трговија, што го натера претседателот Џо Бајден да повика на прекин на опсадата.

Но, сè уште нема знаци кога сообраќајот ќе продолжи.

Полицијата доцна синоќа уапси 27-годишен маж за кривично дело поврзано со протестите. Иако полицијата успешно ги потисна демонстрантите од приод до мостот Амбасадор што ги поврзува Детроит и Виндзор, се повеќе луѓе доаѓаат во областа и се чини дека операцијата е запрена.

Како што одминуваше попладнето, некои Канаѓани се прашуваат што стои зад одложувањето на ослободувањето на мостот, со оглед дека судот во петокот нареди прекин на блокадата и дека е воведена вонредна состојба прогласена од властите во Онтарио.

„Тоа во суштина би испратило порака дека државата не е во состојба да одржува контрола таму каде што се обидела да го стори тоа“, изјави за Си-би-си њуз Мајкл Кемпа, вонреден професор по криминологија на Универзитетот во Отава.

„Колку подолго се одолговлекува, толку повеќе луѓето мислат дека тоа што го прават не е нелегален протест“, рече тој. Мостот Амбасадор е најфреквентниот граничен премин во Северна Америка.

Од понеделник, демонстранти со камиони, автомобили и комбиња го блокираа сообраќајот во двата правци, прекинувајќи го синџирот на набавка за производителите на автомобили од Детроит.

Протестот „Конвојот на слободата“, започнат во главниот град Отава од канадски возачи на камиони кои се противат на задолжителна вакцинација или карантин за прекуграничните возачи, во саботата влегоа во својот 16 ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ