„Активиравме одбранбен план за источниот дел на блокот и ова е прв пат во историјата. Многу сојузници дадоа придонес со војници и оружје. Претседателот Џозеф Бајден одлучи да испрати дополнителни 7.000 војници во Европа, додека постоечките ќе ги преместиме“, рече Блинкен, кој моментално се наоѓа во Латвија.
Како што истакна тој, блокот ќе ги зголеми и средствата за хуманитарна помош за Украина, заради одбрана на територијата на НАТО.
„Претседателот Бајден зборуваше за тоа и претходно. Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, во секое време и секаде. Нападот врз еден е напад врз сите“, рече Блинкен.
Фокусот на Алијансата ќе биде и на сајбер и енергетската безбедност, така што сите врски меѓу Европа и Русија да се прекинат без последици за ЕУ.






