недела, 1 февруари 2026

Блинкен: Конфронтација со Кина не е неизбежна, но САД мора да ги поддржат своите сојузници

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен ја даде изјавата пред состанокот со министрите за надворешни работи на Австралија, Индија и Јапонија, членки на групата Квад, основана во средината на 2000 година, за да се спротивстави на зајакнувањето на кинеското влијание во индо-пацифичкиот регион.

На новинарско прашање дали конфликт со Кина во Индо-Пацификот е неизбежен, Блинкен рече дека „ништо не е неизбежно“.

„Мислам дека ја споделуваме загриженоста дека Кина во последните години дејствува поагресивно дома и во регионот, а потенцијално и пошироко“, рече Блинкен.

Неговата посета на регионот има за цел да ги зајакне американските интереси во Азија и намерата да се спротивстави на растечката кинеска агресивност во регионот.

Тој ќе го посети Фиџи и ќе разговара за загриженоста поврзана со настаните околу Северна Кореја со своите јапонски и јужнокорејски колеги на Хаваи.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Држави дека го користат Квад за да ги принудат другите земји да ги прифатат стандардите на американската демократија.

По состанокот со Блинкен, австралискиот премиер Скот Морисон на индискиот министер за надворешни работи Субраманџам Џашанкар и јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши Јошимас, им рече дека го успокоила заедничката посветеност на спротивставување на оние што користат сила.

Австралиската министерка за надворешни работи Марис Пејн, која претседава со состанокот на Квад, рече дека агендата ќе вклучува: дистрибуција на вакцини против ковид-19, сајбер и критична технологија, борба против злонамерни и опасни дезинформации, тероризам, поморска безбедност и климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ