среда, 1 април 2026

Блинкен: Америка не може да потврди употреба на хемиско оружје во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Командантот на ултрадесничарскиот полк Азов во Мариопол кажа претходно денес дека тројца негови припадници биле изложени „на хемиски агенси, но без потешки последици“, пренесе лондонски Гардијан.

Блинкен повтори дека употребата на хемиско оружје предизвикува „реална загриженост“ и дека американските власти се свесни за можноста дека хемиско оружје може да се употреби.

Тој предупреди на глобалното назадување на човековите права „кое е последица на бруталната војна на руската влада против Украина“, пренесува Си-ен-ен.

„Во својот презир кон човечкиот живот и достоинство, Кремљ повторно ја зајакна верата во луѓето. Граѓанското општество, владите и луѓето низ светот сакаат меѓународната заедница да укаже на кршењето на човековите права каде и да се извршени за итно да се преземат мерки за да се сопрат злоупотребите, а извршителите да се повикаат на одговорност“, порача Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ