Неговото назначување во надзорниот одбор на Газпром ќе биде потврдено на годишниот генерален состанок на 30 јуни. Шредер ќе го замени Тимур Кулибаев, зет на поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев. Кулибаев е сменет поради насилните немири во Казахстан во јануари.
Шредер (77) веќе има неколку високи позиции во руски компании. Тој е претседател на надзорниот одбор на државната енергетска компанија „Роснефт“, претседател на одборот на акционери на „Северен тек АГ“ и претседател на одборот на директори на „Северен тек 2 АГ“.
Двата гасоводи ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичко Море. Критичарите на Русија, пред сѐ САД, рекоа дека Северен тек 2, кој сѐ уште не е во функција, може да се употреби против Москва доколку ја нападне Украина.
Шредер барањата на Украина западните сојузници да ѝ достават оружје во екот на растечките тензии на границата со Русија ги опиша како „ѕвечкање со оружје“, посочува агенцијата Дпа. Покрај тоа, тој го обвини НАТО за руското трупање војници на границата.






