петок, 12 декември 2025

Бивш албански министер оди во затвор, примал подароци од дилери

Објавено на

часот

Сподели

Тахири во 2019 година беше прогласен за виновен за злоупотреба на положбата додека беше министер за внатрешни работи од 2013 до 2017 година и беше осуден на условна казна од три години и четири месеци, а беше ослободен од обвиненијата за трговија со дрога.

Обвинителите поднесоа жалба на пресудата. Високиот суд пресуди дека Тахири добивал услуги и подароци од трговци со дрога и ја злоупотребил својата положба.

Тахири ја негира вината. „Жал ми е што ова се случи… Никогаш не сум го прекршил законот. Тоа едноставно е неправда“, напиша Тахири на својата фејсбук-страница по изрекувањето на пресудата.

Според законот, тој мора веднаш да почне со издржување на казната во албанскиот главен град Тирана.

Тахири некогаш му беше близок соработник на премиерот Еди Рама. Неговиот случај не влијаеше на популарноста на Рама, кој во април 2021 година го обезбеди својот трет мандат како премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ