понеделник, 8 декември 2025

Бил Гејтс прогнозира дека коронавирусот наскоро ќе го третираме како грип

Објавено на

часот

Сподели

Во дискусија која се одвиваше на социјалната мрежа Твитер, Гејтс одговараше на многу прашања за пандемијата и новата мутација – омикрон.

Гејтс предупреди дека постои веројатност дека ќе мора да се вакцинираме секоја година. Меѓутоа, неговата прогноза е дека коронавирусот наскоро ќе го третираме како обичен грип.

„Омикрон е голем предизвик за сите здравствени системи низ светот, а најтешките случаи на зараза со омикрон ќе се развијат кај луѓето кои не се вакцинирани“, смета Гејтс.

Меѓутоа, според него, доброто нешто е што омикрон ќе создаде имунитет кај повеќето луѓе, а малку е веројатно дека ќе се појави нова варијанта на вирусот.

„Она што сега се случува е тоа што и вакцинираните се заразуваат со новите и посилни варијанти на коронавирусот. Вакцините кои допрва ќе се направат би требало да спречат инфекција и да обезбедат повеќегодишен имунитет“, порача основачот на Мајкрософт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ