Откако Министерството за правда на САД објави досиеја во јануари за сексуална злоупотреба на забавите на Епстин за богатите, Гејтс повторно е во центарот на вниманието поради поврзаноста со него.
„Бил зборуваше отворено, одговарајќи детално на неколку прашања“, се вели во соопштението на Фондацијата Гејтс, според британскиот Би-би-си.
Гејтс рече дека се запознал со Епстин во 2011 година – години откако Епстин се изјасни за виновен за подведување малолетни девојчиња, додавајќи дека рекол дека бил свесен за некои работи, но не ја проверил неговата биографија.
Волстрит џурнал објави дека Гејтс им се извинил на вработените, велејќи дека имал две афери со Русинки за кои Епстин подоцна дознал.
Сепак, ниедна од жртвите на Епстин не го обвини Гејтс за злоупотреба.
„Не направив ништо нелегално. Не видов ништо нелегално“, рече Гејтс, но додаде дека „поминувањето време со Епстин беше огромна грешка“.
„Се извинувам на другите луѓе кои се вовлечени во ова поради грешката што ја направив“, рече тој.






