сабота, 31 јануари 2026

Безосовата Блу Ориџин го паузира вселенскиот туризам поради мисијата за враќање на Месечината

Американската компанија за вселенска технологија Блу Ориџин, во сопственост на основачот на Амазон Џеф Безос објави дека ќе ги суспендира летовите за вселенски туризам на најмалку две години за да се фокусира на целта за враќање на астронаутите на Месечината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Блу Ориџин денес објави дека ќе ги паузира летовите на ракетата „Њу шепард“ и ќе ги пренасочи ресурсите за понатамошно забрзување на развојот на можностите за заминување на луѓето на Месечината“, се вели во соопштението на компанијата.

„Одлуката ја одразува посветеноста на Блу Ориџин кон националната цел за враќање на Месечината и воспоставување трајно и одржливо лунарно присуство“, се додава во соопштението.

Блу Ориџин е вклучена во програмата Артемис на НАСА, која има за цел да ги врати астронаутите на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години, како основа за идните мисии на Марс.

Компанијата нуди кратки вселенски патувања за туристи од 2021 година, а Безос учествуваше во првиот лет со екипаж.

Блу Ориџин изјави дека вкупно 98 лица биле во вселената на 38 летови, вклучувајќи ја пејачката Кети Пери и актерот Вилијам Шатнер.

Од самиот почеток, вселенскиот туризам за богатите беше критикуван поради неговите ограничени научни придобивки, негативното влијание врз животната средина и климата и неговата елитистичка природа.

Блу Ориџин официјално не ја објави цената на патувањето, но проценките сугерираат дека таа е во опсег од неколку стотици илјади долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ