среда, 1 април 2026

Берлин: Србија мора да ѝ воведе санкции на Русија ако сака во европскиот блок

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, шефицата на германската дипломатија истакна дека земјите од Западниот Балкан јасно дале до знаење дека својата иднина и безбедност ги гледаат во Европската Унија, поради што повеќето од нив ги поддржуваат европските санкции.

„Би сакала да ѝ порачам на Србија, ако сакате да станете членка на Европската Унија, што Србија го сака, клучно е да ја поддржите и надворешната политика на Европската Унија и соодветните санкции“, порача Бербок.

Претходно претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер, во честитката за победата на изборите на 3 април, на претседателот на Србија Александар Вучиќ му напиша дека „Германија ја поддржува Србија и државите од Западниот Балкан како сигурен партнер, но дека воведувањето санкции на Русија ќе биде значајно за евроинтеграциите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ