среда, 17 декември 2025

Белоруски премиер: Санкциите блокираат белоруски извоз во вредност од 16-18 милијарди долари

Објавено на

часот

Сподели

Белорусија и Русија се погодени со санкции откако Москва на 24 февруари испрати десетици илјади војници во Украина од руска и белоруска територија во, како што ја нарече „специјална воена операција“.

„Санкциите го блокираа речиси целиот извоз на Белорусија во Европската унија и Северна Америка“, рече Головченко, според транскриптот од интервјуто за телевизијата Ал Арабија од Дубаи, пренесе државната новинска агенција Белта.

Станува збор за годишен извоз меѓу 16 и 18 милијарди долари, рече премиерот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко инсистираше на тоа дека Белорусија мора да биде вклучена во преговорите за решавање на конфликтот во Украина, велејќи исто така дека Белорусија е неправедно означена како „соучесник“ во агресијата.

Белорусија беше строго санкционирана и минатата година, откако пресретна авион на Рајанер на летот меѓу Атина и Вилнус и уапси дисидентски новинар и неговата девојка по слетувањето на авионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ