среда, 1 април 2026

Белград: Курти да ги чува нервите, Вучиќ уште долго ќе ги брани Србите

Објавено на

часот

Сподели

„Политиката на претседателот на Србија Александар Вучиќ чиј столб го сочинува одбраната на српските национални интереси на Косово и Метохија доби челичен легитимитет и полна поддршка од граѓаните на Србија на последните избори, поради што Курти покажува сериозна нервоза“, порача Петковиќ.

Во соопштението се оценува и дека во тоа е „главната причина на синхронизираните напади и лаги кои од неделата здружено ги пласираат албанските политичари во Приштина на сметка на официјален Белград и претседателот Александар Вучиќ“.

„Како што на Курти му се привидуваат некакви воени закани од Србија, а всушност Курти е тој кој цело време се заканува, на (косовската претседателка) Вјоса Османи ѝ се привидуваат три решенија кои таканаречено Косово наводно ги понудило за одржување на изборите во покраината. Меѓутоа, на сите им е добро познато дека и западните земји и ЕУ јасно наведоа дека единствената и исклучива одговорност за неодржувањето на изборите на КиМ е на Приштина, додека Белград покажа конструктивен пристап“, укажа Петковиќ.

Тој истакна дека додека Вучиќ е на челото на Србија, Србите на Косово и Метохија знаат дека ќе се бори за нивните права, безбедноста и економскит напредок поради што целата доверба повторно му ја дале на српскиот претседател.

„Затоа, Курти да ги чува нервите бидејќи Александар Вучиќ уште долго ќе ги брани српските интереси на КиМ. И тука никакви лаги на Курти нема да помогнат“, порача Петковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ