Централна тема ќе биде прашањето на дијалогот на Белград и Приштина, а шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ кажа дека е очигледно дека, откако е Аљбин Курти на чело на владата во Приштина, дијалог нема и веројатно нема ни да го има.
Министерот за надворешни работи на Србија Селаковиќ кажа дека централна тема на разговорот со Лајчак и Ескобар ќе биде прашањето на дијалогот и сè што ги оптоварува тие односи на патот кон нормализацијата.
„Нашата позиција и она што не се менува е дека сме секогаш спремни да седнеме на преговарачката маса и да разговараме, но очигледно ни е дека откако Курти е во Приштина и откако тој се прашува, дека немало дијалог и дека веројатно нема ни да го има, сè додека тој решава“, кажа Селаковиќ.
Истакна дека Белград е посветен на дијалогот и дека зачувувањето на мирот и безбедноста е приоритет, но исто така и интересите на Косово и Метохија.
Белград, како што кажа, ги одмерува своите потези и мудро носи одлуки.
„Факт е дека голем број држави сакаат да ја слушнат Србија и да разговараат со неа – Србија која две години по ред е најбрзо растечка економија, која ги прими пријателите од Неврзаните, што остави длабок впечаток меѓу нив, Србија која забрзано се развива“, кажа Селаковиќ, истакнувајќи дека тоа е резултат на политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ.






