недела, 29 март 2026

Белград: Бесмислена игра на Приштина, создавање лажна опасност од Србија

Објавено на

часот

Сподели

Дрецун за Танјуг кажа дека Приштина ја користи секоја ситуација околу украинската криза за спроведување пропагандна, хибридна операција со која, како што вели, се обидува Србија да ја прикаже како проруска и антизападна земја и да создаде впечаток дека на Косово му се заканува опасност и дека Србија ќе користи воени мерки за решавање на косовското прашање.

„Истовремено го користи тоа за да ја зајакне својата позиција на западот, но и да ги замаскира вистинските активности кои ги спроведува, а тоа се класични воени подготовки за решавање на проблемот со северот на Косово и Метохија, бидејќи тоа на Приштина ѝ е трн во око“, наведе Дрецун.

Укажа на интензивните активности на Приштина насочени кон јакнење на воените потенцијали наведувајќи дека командантот на косовските безбедносни сили побара од раководството на Албанија поголема воена помош во вид на обука и противоклопно оружје, додека претседателката на Косово Вјоса Османи во Турција договори испорака на беспилотни летала „барјактар“.

„Приштина се обидува да претстави лажна опасност од замислена српска агресија додека истовремено се спрема на воен начин да го заземе северот на КиМ“, кажа тој.

Зборувајќи за барањето за воспоставување постојана американска воена база на Косово, Дрецун наведе дека таму е присутен КФОР и дека најголем дел од силите ги сочинуваат земји членки на НАТО, а дека САД имаат еден од најголемите контингенти и постојаната база Бондстил, како и дека често престојуваат во базата Нотинг хил на северот на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ