понеделник, 30 март 2026

Белград: Барањата Приштина да се прими во НАТО не придонесуваат на стабилноста

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Фон Крамон реши да ги искористи настаните во Украина и стравот на европските земји од дестабилизација од пошироки размери за да ги радикализира лобистичките напори на Косово да му обезбеди членство во меѓународни организации.

„Ја потсетувам и европратеничката Фон Крамон, а и другите лобирачи кои во континуитет работат на консолидација на самопрогласената независност на таканаречено Косово дека Белград и Приштина со години, со посредство на Европската Унија, настојуваат со мирни и политички средства да ги надминат несогласувањата, и тоа е единствениот начин тие односи да се нормализираат во согласност со европските вредности и меѓународното право“, соопшти Селаковиќ.

Шефот на српската дипломатија предупреди дека секој обид со прегласување на самопрогласеното „Косово“ да му се издејствува членство во некој мултилатерален форум, не само што не би придонел на стабилноста на Западниот Балкан, туку би предизвикал сосема спротивен ефект.

Приштина, со посредство на УНМИК и во согласност со меѓународното право и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, има ефикасни канали за комуникација со меѓународните организации, додаде Селаковиќ.

Во деновите кога, како што напомена, меѓународното право и меѓународниот поредок каков што го знаеме се на тест поради настаните кои немаат никаква врска со Западниот Балкан, не верувам дека некому му е потребно со наметнување решенија и опасни политички потези да им дава легитимитет на сепаратистите во јужната српска покраина, бидејќи сепаратизмот, како што Србија со години предупредува, е заразен и со домино ефект може да се прошири низ светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ