четврток, 1 јануари 2026

Белата куќа: Севернокорејските сили трпат огромни загуби во војната против Украина

Севернокорејските сили трпат огромни загуби на првите линии на руската војна против Украина, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, нагласувајќи дека илјада севернокорејски војници биле убиени или ранети само во последната недела во руската област Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека руските и севернокорејските воени лидери ги третираат овие војници како потрошна роба и им наредуваат очајнички напади врз украинската одбрана“, рече Кирби, наведувајќи број на загинати кој далеку го надминува оној што претходно го соопштија американските власти.

Севернокорејската мисија при Обединетите нации во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар, а руската мисија во ОН одби да коментира.

Кирби рече дека претседателот Џо Бајден најверојатно ќе одобри уште еден пакет безбедносна помош за Украина во наредните денови. Претходно оваа недела, Бајден ги осуди руските напади врз енергетскиот систем на Украина и некои градови на Божиќ и побара од американското Министерство за одбрана да продолжи со снабдувањето со оружје за Украина.

Анонимен американски воен претставник претходно објави дека Северна Кореја претрпела неколку стотици жртви во борбите против украинските сили во руската област Курск.

Запрашан кои чинови се меѓу севернокорејските жртви, воениот претставник рече дека тие се движат од единици на пониско ниво до „самиот воен врв “.

Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници биле убиени и ранети во рускиот регион Курск, повикувајќи се на прелиминарни податоци.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите за борбените загуби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ