Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде претседател на одборот што е дел од неговиот план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.
Се очекува одборот привремено да ја надгледува управата на Газа и да управува со реконструкцијата на територијата, пренесува Би-би-си.
Во основачкиот одбор, покрај Рубио и Блер, се и пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер, извршниот директор на „Аполо Глобал Менаџмент“, Марк Роуан, претседателот на Светска банка, Еџеј Банга, и заменик-советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт Габриел, соопшти Белата куќа.
Останатите членови на одборот ќе бидат назначени во наредните недели.
Формирање на посебен палестински технократски комитет од 15 члена, наречен Национален комитет за управување со Газа (НЦАГ), задолжен за секојдневно управување во повоена Газа, беше претходно најавено, на чело беше Али Шаат, инженер и поранешен заменик-министер во Палестинската самоуправа.
Според планот на Трамп, технократскиот комитет на Шаат би ги водел секојдневните работи во Газа под надзор на „Одборот за мир“, предводен од Трамп. Извршниот комитет би ја спроведувал визијата на Одборот за мир.
Белата куќа, исто така, објави дека Николај Младенов, бугарски политичар и поранешен претставник на ОН за Блискиот Исток, ќе биде претставник на извршниот одбор на терен во Газа, работејќи заедно со Палестинскиот технократски комитет.
Според планот на Трамп, Меѓународните сили за стабилизација (ИСФ) исто така ќе бидат распоредени во Газа за обука и поддршка на проверени членови на палестинските полициски сили. Белата куќа соопшти дека американскиот генерал Џаспер Џеферс ќе ги предводи силите, кои имаат задача „да воспостават безбедност, да го зачуваат мирот и да воспостават средина без тероризам“.
Белата куќа соопшти и дека ќе биде формиран одвоен „Извршен одбор за Газа“ како помошно тело со задачата да ги поддржи властите, а во тоа тело ќе бидат некои од имињата од основачкиот извршен одбор, како и нови именувања.
Американскиот мировниот план стапи на сила во октомври и веќе влезе во втората фаза, но иднината на Газа и 2,1 милиони Палестинци што живеат таму останува нејасна, пренесе Би-би-си.
Во првата фаза, Хамас и Израел се согласија за прекин на огнот во октомври, како и за размена на заложници и затвореници, делумно повлекување на Израел и зголемен прилив на помош за Газа.
На почетокот на оваа недела, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, објави дека во втората фаза ќе се спроведе реконструкција и целосна демилитаризација на Газа, вклучувајќи разоружувањето на Хамас и други палестински групи.






