петок, 12 декември 2025

Белата куќа тврди: Руска инвазија на Украина во следните два дена

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека руска инвазија на Украина би можела да се случи во следната недела, најверојатно во следните два дена.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан кажа дека Соединетите Американски Држави сè уште немаат сознанија дали претседателот на Русија Владимир Путин одлучил да изврши инвазија, но дека сè е спремно за нападот да се случи многу брзо.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен изјави денес во Австралија дека Русија би можела да спроведе инвазија на Украина пред рајот на Зимските олимписки игри во Пекинг, поради што Американците треба веднаш да ја напуштат таа земја.

„Едноставно, и понатаму гледаме многу загрижувачки знаци на руска ескалација, вклучувајќи нови сили кои пристигнуваат на украинската граница“, кажа Блинкен.

Наведе дека „руската инвазија би можела да почне во кој било момент“ и додаде дека „тоа го вклучува и периодот пред завршувањето на Олимписките игри.

Олимписките игри во Пекинг треба да завршат на 20 февруари.

Русија размести повеќе од 100.000 војници во близина на Украинската граница. Москва тврди дека не планира инвазија, но побара гаранции од Западот дека НАТО нема да ја прими Украина, а ни други поранешни советски републики, во членството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ