„Нашето силно чувство, врз основа на сè што гледаме на теренот во областите околу Украина на север, на исток, на југ, е дека Русија продолжува да се подготвува за воена акција, која може да се случи во наредните часови или денови“, рекол функционерот и додал дека администрацијата „сигурно не може да се посвети на состанок за кој предусловот е Русија да не преземе воена акција, но сѐ укажува дека ќе ја преземе“.
„(Путин) јасно стави до знаење дека ја гледа Украина историски како дел од Русија и даде голем број лажни тврдења за намерите на Украина, кои се чинеше дека се смислени за да оправдаат евентуална воена акција. Ова беше говор пред рускиот народ за да се оправда војна. Всушност, тој уште еднаш експлицитно се закани со војна“, рече високиот функционер во однос на вчерашниот говор на Владимир Путин.
Во неделата, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден „начелно“ се согласил на средба со Путин затоа што американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се среќаваат в четвртокот и ако Русија не ја нападне Украина.
По Путиновиот говор и признавањето на Доњецк и Луганск, американскиот претседател Џо Бајден на Твитер порача: „Потпишав извршна наредба да ѝ се ускрати на Русија шансата да профитира од нејзиното бесрамно прекршување на меѓународното право. Продолжуваме тесно да се консултираме со сојузниците и партнерите, вклучително и Украина, за следните чекори.“
I have signed an Executive Order to deny Russia the chance to profit from its blatant violations of international law. We are continuing to closely consult with Allies and partners, including Ukraine, on next steps. pic.twitter.com/ZS81ivAPgs
— President Biden (@POTUS) February 22, 2022






