сабота, 31 јануари 2026

Белата куќа: Бајден не планира самоволно да испраќа војска во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Само да се разбереме: не постои намера или интерес или желба на претседателот да испрати војска во Украина. НАТО е форум за поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и тоа е она на што е фокусот“, им кажа на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби кажа во понеделникот дека 8.500 американски војници во Европа се известени да бидат спремни за брз одговор ако НАТО го побара тоа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го обвини Вашингтон за разгорување на тензиите околу Украина и го повтори ставот на Москва дека причина за кризата се потезите на САД и НАТО, а не руското разместување војници на сопствена територија.

Русија распореди околу 100.000 војници покрај украинската граница. Москва упорно негира дека има какви било планови за напад на Украина и смета дека пораките од Западот се доказ дека Русија е мета, а не агресор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ