петок, 12 декември 2025

Бајден: Шолц и јас ја потврдивме посветеноста за интегрирање на Западен Балкан во европските институции

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот канцелар вчера го посети Вашингтон пред сѐ за да разговара со претседателот на САД за ситуацијата во Украина.

Според Бајден, тие разговарале и за предизвиците со кои се соочуваат во меѓународниот поредок од Кина, заедно со Русија „и другите конкуренти што се стремат кон понелиберална иднина“.

„Ја потврдивме и нашата посветеност да ја завршиме работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции и конечно да ја оствариме онаа Европа што е цела, слободна и во мир“, рече Бајден.

Во своите забелешки, германскиот канцелар рече дека кога станува збор за Русија и Украина, важно е сите сојузници – САД и Германија, трансатлантското партнерство меѓу САД и Европа, НАТО, да зборуваат во еден глас.

„Значи, (ако има воена агресија) ќе има висока цена за Русија… Во исто време, важно е да ги искористиме сите дипломатски средства што ги имаме“, рече Шолц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ