недела, 29 март 2026

Бајден: Планираме на граѓаните бесплатно да им делиме таблети за лекување на ковид

Објавено на

часот

Сподели

„Ја започнуваме иницијативата ‘Тестирање за лекување’ за луѓето да можат да се тестираат во аптеките и, доколку се позитивни, на лице место да добијат бесплатни антивирусни таблети“, рече Бајден за време на својот говор за состојбата на нацијата.

„САД од овие лекови порачаа повеќе од која било друга земја во светот“, рече Бајден, додавајќи дека Фајзер ќе им понуди на САД милион од тие таблети во март и двојно повеќе во април. Тој рече дека таблетата за ковид на Фајзер ја намалува веројатноста од хоспитализација за 90%.

За време на својот говор, Бајден го истакна напредокот што Америка го постигнала во борбата против коронавирусот, но предупреди дека Американците мора да се подготват за нови варијанти, пишува Ројтерс.

„Не можам да ветам дека нема да има нови варијанти. Но, можам дека ќе направиме сè што е во наша моќ да бидеме подготвени доколку се појават. Соединетите Држави сега можат да воведат нови вакцини во рок од 100 дена, наместо за повеќе месеци или години“, рече тој.

Белата куќа претходно соопшти дека ја укинува одредбата за целосно вакцинираните граѓани да мора да носат маски во зградите на Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ