недела, 1 февруари 2026

Бајден одмрзна 7 милијарди долари што САД им ги зедоа на Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон ги замрзна парите откако талибанците ја презедоа власта минатата година, но беше под притисок да најде начин да ги искористи без да им помогне на милитантите. Портпаролот на талибанците го осуди потегот, нарекувајќи го „кражба“ и знак на „морален распад“.

Бајден вчера потпиша извршна наредба, отворајќи го патот за распределба на авганистанските средства кои се чуваат во САД како хуманитарна помош на Авганистан и за компензација на американските жртви од нападите од 11 септември.

Авганистанските групи, вклучително и поранешни политичари, академици и талибанците, изразија огорченост поради одлуката на Бајден.

„Американското запленување на средствата на авганистанската централна банка е кражба и претставува најниско ниво на човечки и морален распад на земјата и народот“, напиша на Твитер високиот портпарол на талибанците Мохамед Наим.

Многу Авганистанци на социјалните мрежи напишаа дека Бајден краде пари од многу заслужни Авганистанци кои немаат никаква врска со тероризмот во САД.

Ниту еден Авганистанец ни бил меѓу терористите вклучени во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001. Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каеда, подоцна беше убиен во Пакистан.

Експертите велат дека распределбата на замрзнатите средства како што е наведено во декретот на Бајден ќе биде непоправлив удар за авганистанската економија.

„Вака во суштина им се враќаат на Авганистанците нивните сопствени пари во вид на хуманитарна помош, а во исто време се задушува економијата“, напиша на Твитер авганистанскиот политички аналитичар и истражувач Мохсин Амин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ