„Таа ќе биде првата црна жена, отворено ЛГБТК+ личност“ на таа позиција, изјави Псаки, која од самиот почеток најавуваше дека ќе се повлече во текот на мандатот. „Таа ќе го даде својот глас на голем број луѓе и ќе им овозможи на многумина да сонуваат големи соништа“, додаде таа.
.@PressSec Jen Psaki on @KJP46: “I just want to take the opportunity to celebrate and congratulate my friend, my colleague, my partner in truth Karine Jean-Pierre, the next White House Press Secretary.” pic.twitter.com/c9eqlT3MnT
— CSPAN (@cspan) May 5, 2022
Псаки од Белата куќа заминува во телевизискиот канал Ем-ес-ен-би-си, јавуваат американските медиуми. Карин Жан-Пјер (44) е родена во Мартиник. Нејзините родители, по потекло од Хаити, емигрирале во САД. Таа пораснала во Њујорк, каде што нејзиниот татко работел како таксист, а нејзината мајка се грижела за домаќинството. Таа живее со новинарка на Си-ен-ен и имаат една ќерка.
Жан-Пјер дипломирала на престижниот универзитет Колумбија и последователно влегла во политиката, честопати истакнувајќи дека животниот пат на нејзиното семејство, пример за „американскиот сон“, ја одредил нејзината кариера. Таа работела и во кампањата на Барак Обама, а потоа и во кампањата на Џо Бајден.
„Јас претставувам сè што Доналд Трамп мрази“, рече таа во видеото за организацијата Мув-он од 2018 година, во кое извесно време беше една од главните фигури.






