вторник, 31 март 2026

Бајден: НАТО е пообединето од кога било, ако Русија употреби хемиско оружје, ќе одговориме

Објавено на

часот

Сподели

„Би одговориле, би одговориле ако тој го употреби. Природата на одговорот би зависела од природата на употребата“, кажа Бајден на конференција за новинарите во Брисел. Тој по вонредниот самит на НАТО изјави дека острите санкции против Русија и единството на Западот ќе го сменат текот на војната во Украина. Бајден додаде дека НАТО сега е пообединето од кога било.

Бајден кажа дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека „Европа ќе пукне“ под притисокот на тешките санкции кои ги воведе како одговор на руската агресија. „Санкциите никогаш не го одвраќаат агресорот“, кажа Бајден, но додаде дека сè поголемите проблеми кои сојузниците ѝ ги нанесуваат на Русија ќе донесат резултатите во продолжувањето на конфликтот.

Американскиот претседател изјави дека Русија би требало да биде исфрлена од групата дваесет најголеми светски економии Г20, тема која беше отворен за време на неговите состаноци со европските лидери во Брисел претходно денес.

„Мојот одговор е дека сè зависи од Г20“, одговори Бајден на прашањето дали треба Русија да се исфрли од групата. Додаде дека, ако земји како Индонезија и Кина не се согласуваат со отстранувањето на Русија, тогаш би требало на Украина да ѝ се дозволи да присуствува на состаноците.

Според Бајден, Кина сфаќа дека нејзината економска иднина потесно е поврзана со Западот отколку со Русија, откако го предупреди Пекинг дека би можел да се соочи со последици за поддржувањето на Москва.

„Не се заканив, но јасно дадов до знаење – се погрижив да ги сфатат последиците на помошта на Русија“, кажа Бајден за неодамнешниот разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг.

Бајден кажа и дека на Си му укажал на американските и европските компании кои ја напуштија Русија по нејзината инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ