вторник, 31 март 2026

Бајден наскоро доаѓа во Европа. Белата куќа објави дали ќе ја посети Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Патувањето ќе се фокусира на продолжување на зближувањето на светот во знак на поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин на Украина, но нема планови за патување во Украина“, објави Псаки.

Амбасадорката на Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд во емисија на Си-ен-ен изрази сомнеж за можноста Бајден да ја посети Украина при неговото пристигнување во Европа, велејќи: „Колку што знам, за ова не се зборува”.

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко вчера, исто така за Си-ен-ен, изјави дека доаѓањето на Бајден во Украина ќе биде симбол на солидарност. Тој додаде дека актуелниот американски претседател е негов „многу добар пријател“ и „пријател на Украина“. Тој би го сметал доаѓањето на Бајден во Украина за „вистински чекор со кој на целиот свет ќе му се покаже дека е со нив против Русија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ