среда, 1 април 2026

Бајден нареди ослободување милион барели нафта дневно во обид да ги контролира цените

Објавено на

часот

Сподели

АП вели дека не е конечно одредено времетраењето на неговата одлука, но може да потрае неколку месеци.

Очекуваниот потег на Бајден, пишува АП, покажува дека нафтата останува клучна ранливост за Соединетите Држави – и дома и во странство. Ослободувањето на резервите би создало притисоци што би можеле да ги намалат цените на нафтата, иако Бајден веќе двапати нареди ослободување на стратегиските резерви без да предизвика значителни промени на нафтените пазари.

„Според Бајден, високите цени не предизвикаа значителен скок во производството на нафта, а планираното ослободување е начин да се зголемат залихите. Пазарите брзо реагираа, па цената на суровата нафта во четвртокот наутро падна за повеќе од три отсто, на околу 104 долари за барел“, пишува АП.

Соединетите Американски Држави произведуваат во просек 11,7 милиони барели дневно, што е помалку од 13 милиони барели во почетокот на 2020 година.

Републиканците велат дека проблемот лежи во непријателската настроеност на администрацијата на Бајден кон лиценците за нафта и изградбата на нови нафтоводи, додека демократите одговорија дека земјата треба да се префрли на обновливи извори на енергија како што се ветерот и сонцето, што може да ја намали зависноста од фосилните горива и влијанието на рускиот претседател Владимир Путин.

Според податоците на Министерството за енергетика, до 25 март во резерва биле над 568 милиони барели нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ