„Ќе се сетите дека ме критикуваа кога го нареков Путин воен злосторник. Видовте што се случило во Буча… Тој е воен злосторник. Мораме да продолжиме да ѝ испраќаме оружје на Украина за да продолжи да се брани, но мораме и да ги собереме сите информации и детали за да можеме да одржиме судење за воени злосторства“, кажа Бајден.
„Путин е брутален. Ова што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа тоа. Јас мислам дека тоа е воено злосторство и дека Путин мора да одговара“, додаде Бајден.
[video:https://youtu.be/AxbuZirnAlc autoplay:0]Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, набрзо одговори на изјавата на американскиот претседател.
„Одлична идеја, нека почнат со бомбардирањето на Југославија и окупацијата на Ирак. Исто така може да ги додадат и режисерите на продукцијата во Сребреница“, порача Захарова, алудирајќи дека во Сребреница не се случил геноцид.
„Можат тука да ја додадат трговијата со органи на Косово. Кога ќе завршат со тоа, можат да се позанимаваат и со фрлањето на нуклеарните бомби на Јапонија, кога се веќе кај тоа“, порача Захарова.






