вторник, 30 декември 2025

Бајден: Испраќаме 33 милијарди долари помош за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот на Бајден вклучува повеќе од 20 милијарди долари воена помош, 8,5 милијарди долари економска помош и 3 милијарди долари хуманитарна помош.

Бајден рече дека САД не можат да стојат настрана по инвазијата, но нагласи дека неговата земја не ја напаѓа Русија. Иако САД веќе најавија помош за Украина, сега е предложено значително зголемување на помошта.

„Цената на оваа борба не е евтина, но прифаќањето агресија ќе биде поскапо“, рече американскиот претседател.

Бајден би сакал и да заплени повеќе пари од руските олигарси и средствата да ги искористи за финансирање на украинскиот отпор. Неговиот предлог ќе им овозможи на американските функционери да запленат поголем дел од имотот на олигарсите и да ѝ ги дадат тие пари на Украина и дополнително да го криминализираат избегнувањето на санкциите.

На прашањето дали САД сега се во посредничка војна со Русија и колку е тој загрижен, Бајден вчера рече дека се подготвени на сѐ што ќе направат Русите. Русија постојано вели дека западната поддршка за Украина, особено воената помош, е еднаква на посредничка војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ