Бајден испраќа околу 2.000 војници од базата Форт Брег во Северна Каролина во Полска и Германија, а наредил и во Романија да се префрлат околу 1.000 војници од пешадиската ескадрила Страјкер која се наоѓа во Германија.
Се очекува ова прераспределување на силите да биде само привремено, кажале изворите.
Покрај тоа, повеќе илјади војници добиле наредба да бидат во готовност за распоредување.
Целта на овие потези наводно е да се одврати Русија од напад на Украина и да се спречи војна во Источна Европа.
Во Украина во моментов има неколку стотици американски воени инструктори и единици за специјални операции, а новите сили наводно нема да влегуваат на територијата на Украина.
Се очекува силите да се распоредат во следните неколку дена, кажале функционерите.
Американските сили во Европа, во случај на ескалација на тензиите, би требало да помогнат во евакуацијата на 30.000 Американци кои живеат во Украина. Ако дојде до евакуација на војниците веројатно и понатаму ќе им биде забрането да ја преминат украинската граница и ќе дејствуваат од териториите на членките на НАТО.






