„Спремни сме на дополнителен ангажман со Русија и нашите сојузници и партнери за да ги подобриме стабилноста и безбедноста во цела Европа. Спремни сме да одговориме решително на руски напад на Украина, што сè уште постои како можност. Сите овие недели и месеци, тоа беше нашиот пристап на сè и останува нашиот пристап“, истакна Бајден.
Кажа дека веруваат во дипломатијата за да се избегне конфликт, но додаде дека САД сè уште не потврдиле дека Русите повлекуваат дел од силите.
„Сè уште не сме потврдиле дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази. Нашите анализи укажуваат на тоа дека и понатаму се на многу опасна позиција, а факт е дека и сега Русија има над 150.000 војници кои кружат околу Украина и Белорусија, долж украинската граница. Инвазија е сè уште можна“, кажа американскиот претседател.
Во говорот истакна дека Русија ќе наиде на огромна меѓународна осуда ако се реши за напад.
„Ако Русија нападне, Украина ќе плати огромна цена. А светот нема да заборави дека Русија избрала непотребна смрт и уништување“.
„САД не се закана за Русија. Украина не е закана за Русија. САД и НАТО немаат проектили во Украина. Ние немаме планови таму да ги поставиме. Граѓаните на Русија не се наша мета. Не сакаме да ја дестабилизираме Русија. До граѓаните на Русија: „Не сте наши непријатели. Не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна со Украина““, кажа Бајден.
[video:https://youtu.be/N68kH0YVDrE autoplay:0]





