вторник, 31 март 2026

Бајден го предупредил Си на „последиците кои Кина ќе ги претрпи ако ја поддржи Русија“

Објавено на

часот

Сподели

Според белата куќа, Бајден во речиси двочасовниот телефонски разговор со кинескиот лидер „ги опишал импликациите и последиците кои Кина ќе ги претрпи ако ѝ пружи материјална поддршка на Русија“.

„Претседателот ја истакна својата поддршка на дипломатско решение на кризата“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидер „се сложиле и околу важноста за одржување на отворени линии за комуникација“.

Поголемиот дел од нивниот разговор бил фокусиран на војната во Украина и импликациите кои кризата би ги имала и на американско-кинеските односи и на „меѓународниот поредок“, изјави функционер на Белата куќа.

„Претседателот Џозеф Бајден разговараше денес со претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг. Разговорот беше фокусиран на од ништо предизвиканата руска инвазија на Украина.

Претседателот Бајден ги изнесе ставовите на Соединетите Држави и нашите сојузници и партнери во оваа криза. Претседателот Бајден детално ги опиша нашите напори да ја спречиме, а потоа да одговориме на инвазијата, вклучувајќи го наметнувањето на санкции на Русија. Ги опиша последиците кои Кина ќе ги претрпи ако ѝ пружи материјална поддршка на Русија додека спроведува брутални напади на украинските градови и цивили.

Двајцата лидери се сложија и за важноста на одржувањето на отворени комуникациски линии за управување на конкуренцијата меѓу нашите две земји. Претседателот повтори дека американската политика кон Тајван не е сменета и истакна дека Соединетите Држави и понатаму се противат на какви било еднострани промени на ситуацијата“, се наведува во официјалното соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ