петок, 12 декември 2025

Бајден ги помеша Авганистан и Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден ги помеша државите Авганистан и Украина, кои се оддалечени повеќе од 3.000 километри една од друга.

Претседателот двапати се обиде да го каже точното име на земјата за која зборува, додека во четвртокот одговараше на прашања во врска со одлуката на САД да ги евакуираат своите војници од Авганистан минатото лето.

„Нема шанси да ја обединиме Украина. Мислам, Ирак. Авганистан!“ изјави Бајден во интервјуто за Ен-би-си.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=OdxV8K113EA autoplay:0]

Претседателот го кажа гафот откако одговараше на прашањата за тековниот конфликт, кој во моментов е важна тема за американската надворешна политика.

Исто така во четвртокот, пак, британската министерка за надворешни работи Лиз Трус ги помеша руските региони Воронеж и Ростов со области во Украина, и му кажа на својот руски колега Сергеј Лавров дека Лондон никогаш не би го признал суверенитетот на Москва над овие области. Таа наводно била поправена од британската амбасадорка Дебора Бронерт, вели РТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ